18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Воведуваме задолжителна вакцинација за сите кои земаат плата од државата

Комисијата за заразни болести одлучи да и предложи на Владата сите вработени во јавниот сектор и во локалните институции да мора да имаат потврда за најмалку 1 примена вакцина или да мора да имаат ПЦР тест направен на сопствен трошок не постар од 72 часа или пак да имаат прележано ковид пред 45 дена.

Препораката е на овие мерки да се приклучат и приватните компании, а Филипче очекува тоа да се случи.

Покрај ова, задолжителна ќе биде вакцинацијата и за сите здравствени работници.