8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ревакцинирани се 47 проценти од полнолетните граѓани во Македонија

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.961 дози вакцини, од кои 1.721 се аплицирани како прва доза, 1030 се ревакцинирани, а 2.210 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 15 ноември вкупно се вакцинирани 815.523 граѓани, ревакцинирани се 785.916, а трета доза примиле 56.349 граѓани. 57 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Спонзорирано: