17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

285 новозаразени, 5 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

· Направени се 2.667 тестирања, а регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 110, Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10, Кавадарци – 9, Гевгелија – 8, Неготино – 7, Ресен – 5, Штип, Охрид, Кичево и Свети Николе – по 4, Демир Хисар и Пехчево – по 3, Богданци – 2, Струмица, Делчево, Виница, Пробиштип и Кратово – по 1.

· Регистрирани сe 328 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Кавадараци – 26, Штип – 25, Битола – 24, Куманово – 22, Кочани – 21, Велес – 18, Неготино – 12, Прилеп и Берово – по 8, Делчево – 7, Гевгелија, Свети Николе, Виница и Пробиштип – по 5, Демир Хисар и Радовиш – по 4, Кичево – 3, Ресен и Охрид – по 2, Богданци, Кратово и Дојран – по 1.

· Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 5 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г) и едно починато лице од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени три починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 26.10.2021. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.

· Направени се 2.667 тестови преку: ИЈЗ-215, ЦЈЗ Скопје-46, ЦЈЗ Битола-85, ЦЈЗ Прилеп-37, ЦЈЗ Тетово–34, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–1, Жан Митрев (Филип Втори)-59, Авицена-117, Биотек-135, Систина-45, лабораторија Лаор-156, Синлаб-6, Ремедика-0, Плодност–53, Генеа-2, Никоб лаб-225, ВФВ Медикал-16, Ели Медика-22, Ројал Медика–8, Спектра-ММ-7, Рапид Лаб – 4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.348.

Досега во земјата се направени вкупно 1.428.941 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.277, бројот на оздравени пациенти е 193.400, на починати е 7.328, а бројот на активни случаи изнесува 8.549.