Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер на амфетамин во Скопје

Денеска (14.11.2021) во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес на ул,, Љуба Петровиќ кај Ж. Ј. (39) во Скопје.

При претресот во неговиот дом се пронајдени едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин, како и марихуана, сад со синтетичка дрога амфетамин, вага со остстоци од амфетамин.Ж. Ј. е лишен од слобода и спроведен во ПС Гази Баба и против истиот од страна на СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 215 од КЗ.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК