12.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

КОРОНА КЛАСТЕР ДПМНЕ: Ќе покаже ли Мицкоски дека се грижи за јавното здравје и да оди во изолација по контактите со заразени со коронавирусот?

По појавата на неколку случаи на коронавирус во ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и пратениците Никола Мицевски и Ангелинка Петкова, но и градоначалникот на Кочани Љупчи Папазов, се поставува прашањето колку одговорно ќе се постават остантите функционери во партијата и дали ќе одат во изолација за заштита на јавното здравје.

Токму градоначалникот Папазов беше во директен контакт и со претседателот на партијата, Христијан Мицкоски и останатите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски беше во контакт и со координаторот на пратеничката група Мицевски, па јавноста е заинтересирана дали токму Мицкоски ќе оди во изолација со цел да го заштити јавното здравје и луѓето со кои остварува контакти.

Иако досега веќе има соопштено дека е вакциниран, сепак Мицкоски доколку навистина се грижи за јавното здравје се поставува прашањето дали ќе оди во изолација, имајќи предвид дека и вакцинираните се заразуваат и го пренесуваат вирусот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се заразени со КОВИД-19, веќе најавија дека на гласањето за недоверба на Владата утре ќе се појават во Собранието во скафандери, но се уште е нејасно дали и други лица кои биле во контакт со веќе заразените во партијата имаат симптоми или се позитивни на вирусот.

Спонзорирано: