14.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Силна експлозија во центарот на Багдад, армијата распоредена во неколку реони

Силна експлозија одекна во центарот на Багдад.

Инцидентот се случил во близина на областа Ал Карада, во таканаречената Зелена зона, која е строго чувана како дипломатска и владина област во Багдад, пренесе агенцијата Тасс.

Детали за инцидентот се уште не се достапни, додава руската агенција.

Претходно во Багдад беше извршен обид за атентат врз ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими.

Резиденцијата на Кадими се наоѓа во „Зелената зона“ , а засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.