17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАЗДРАВЈЕ

Откриен е ген кој го удвојува ризикот од смрт од коронавирус

Научниците од Универзитетот во Оксфорд открија ген кој го удвојува ризикот од откажување на белите дробови и смрт од коронавирус.

Тие велат дека 60 отсто од луѓето со јужноазиско потекло и 15 отсто од луѓето со европско потекло носат високоризична верзија на генот.

Вакцините се клучен фактор и помагаат значително да се намали ризикот од овие ефекти на коронавирусот, велат истражувачите.

Студијата на
Нејчр џенетикс” открива зошто некои заедници во Обединетото Кралство и Јужна Азија се изложени на поголем ризик од Ковид 19, но тоа не го објаснува целосно.

Надоврзувајќи се на претходната генетска работа, истражувачите користеа комбинација на вештачка интелигенција и нова молекуларна технологија за да го одредат точниот ген – наречен LZTFL1, одговорен за зголемени ризици.

„Луѓето со ген со поголем ризик ќе имаат посебни придобивки од вакцинацијата“
Се проценува дека ризичната верзија на генот е присутна кај приближно 2 отсто од луѓето со африканско-карипско потекло и 1,8 отсто од луѓето со источно азиско потекло.

Водечкиот истражувач, проф. Џејмс Дејвис изјави дека откритието – дека генот за ризик не влијае подеднакво на сите популации, е многу важно.

Сепак, тој исто така истакна дека сложената мешавина на фактори – особено возраста – придонесува за индивидуалниот ризик на секоја личност.

„Социо-економските фактори се исто така веројатно важни во објаснувањето зошто некои заедници се особено тешко погодени од пандемијата“, додаде тој.

„Иако не можеме да ја промениме нашата генетика, нашите резултати покажуваат дека луѓето со ген со поголем ризик веројатно ќе имаат посебни придобивки од вакцинацијата.

Зошто откриениот ген е проблематичен?
Истражувачите веруваат дека ризичната верзија на генот ги прави белите дробови на луѓето почувствителни на ккоронавирусот.

Тие претпоставуваат дека генот со висок ризик го оневозможува клучниот заштитен механизам на клетките што ги обложуваат белите дробови. Тие обично се активираат за одбрана од Ковид 19.

Кога клетките што ги обложуваат белите дробови комуницираат со короната, една од нивните одбранбени стратегии е да се претворат во помалку специјализирани клетки и да станат помалку добредојдени за вирусот.

Овој процес на деспецијализација го намалува количеството на клучниот протеин наречен ACE-2 на клеточната површина, што е клучно за прицврстување на коронавирусот кон клетките.

Но, за луѓето со ризична верзија на генот LZTFL1, овој процес не функционира толку добро, а клетките што ги обложуваат белите дробови остануваат подложни на вирусна инвазија.

Нови, прилагодени лекови?
Научниците велат дека е важно вклучениот ген да влијае на белите дробови, но да нема ефект врз имунолошкиот систем.

Тоа значи дека луѓето со висок ризик сè уште можат да добијат заштита од вакцини, велат тие.

И научниците се надеваат дека откритието ќе помогне, со цел да се произведат лекови кои се наменети да спречат белодробна инсуфициенција – сегашните главно се фокусирани на имунолошкиот систем.

Спонзорирано: