Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

РЕКОРДЕН СКОК НА ЦЕНИТЕ ВО ЕВРО ЗОНАТА – Се поскапе, а цехот го плаќа крајниот купувач

Производните цени во еврозоната скокнаа повеќе од очекуваното во септември, поттикнати од вртоглавото зголемување на трошоците за енергија, што забележа највисок рекорден раст како нов знак на силни инфлациски притисоци во блокот, покажаа јавните податоци објавени денеска.

Еуростат процени дека фабричките цени, во 19-те земји кои го делат еврото, се зголемија за 2,7% на месечна основа во септември, со скок од 16,0% на годишна основа. Ова е исто така најголемото зголемување што било забележано во блокот.

Скокот ги надмина очекувањата, бидејќи економистите предвидуваа месечен раст од 2,2 отсто и раст од 15,2 отсто на годишно ниво. Цените нагло пораснаа во услови на брзо економско закрепнување, по најакутната фаза на пандемијата Ковид-19, затегнувањето на глобалните синџири на снабдување и скокот на цените на бензинот.

Цените на енергијата пораснаа за 7,7 отсто на месечно ниво, што е раст од 40,7 отсто на годишно ниво. Сепак, вкупните индустриски цени, без енергијата, пораснаа за само 0,6 отсто, забавувајќи се во однос на претходните месеци.

Порастот на индустриските цени го одразува растот на потрошувачките цени во блокот кои пораснаа со годишна стапка од 3,4 отсто во септември, според Евростат, кој процени пораст од 4,1 отсто во октомври. Зголемените цени на производителите обично се претвораат во повисоки цени за потрошувачите, а Европската централна банка сака да продолжи да расте од околу 2 отсто.

Министрите за финансии на еврозоната и Банката очекуваат дека скокот на инфлацијата ќе помине во наредните месеци и дека инфлацијата ќе се забави во 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Македонците масовно почнаа да пазарат храна во соседните држави – Популарните ланци маркети во Лерин и Врање преполни со македонски граѓани

ДЕСК

Државата дели и до 10.000 евра за почнување на нов бизнис! – Познато е кој може да аплицира

ДЕСК

Во целост исплатена Еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

ДЕСК