14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доживотен затвор за Германката која минатата година уби пет свои деца

Во Германија 28-годишна мајка е осудена на доживотен затвор за убиството на пет од нејзините шест деца, во куќа во западниот град Золинген, јави денеска германската новинска агенција ДПА.

Според агенцијата АП, регионалниот суд во Вупертал во својата пресуда ја утврдил посебната тежина на кривичното дело, а во повеќето случаи таквиот наод исклучува ослободување од затвор по 15 години.

Децата Мелина, Леони, Софи, Тимо и Лука, на возраст од една до осум години, беа убиени во септември 2020 година.

Обвинителите посочија дека нивната мајка прво им дала седатив за млади, а потоа дека давела или ги задушила, пренесува АП.

Сe смета дека повод за овие убиства била фотографија што поранешниот партнер и ја испратил на жената, а на која тој бил со нова партнерка.

По ова, мајката му напишала дека никогаш повеќе нема да ги види своите деца.

Откако ги убила децата, таа се обидела да се самоубие скокајќи пред воз на железничка станица во Диселдорф и се здобила со тешки повреди, но не опасни по живот.

Можеби ќе ве интересира

Првиот случај на воени злосторства пред суд: Руски војник се соочува со доживотна казна затвор

M T

Активистот за човекови права Осман Кавала осуден на доживотен затвор

M T

Приведена Германка на аеродромот во Скопје

M T

Германка инсталирала камера за да види кој ѝ ја краде долната облека

M T

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

M T

Хрват осуден на доживотен затвор во Милано – пушел хашиш, а потоа гаснел цигари од телото на својот двегодишен син

M T