5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хрват осуден на доживотен затвор во Милано – пушел хашиш, а потоа гаснел цигари од телото на својот двегодишен син

Алија Хрустиќ, по потекло од северозападна Хрватска, е осуден на доживотен затвор во Милано со девет месеци во самица за убиството на својот двегодишен син Мехмет, кој бил тепан и мачен додека татко му му ја горел кожата на телото со догорчиња од цигари, објавија регионалните медиуми.

Казната ја одредил судскиот совет на првостепениот суд во Милано и истовремено, според судска одлука, тој ќе биде протеран од Италија кога сите услови ќе бидат исполнети во договор со Хрватска.

Што се однесува до измачувањето, ова, според италијанските медиуми, е прв ваков случај во Италија од областа на семејното насилство.

Хрустиќ палел цигари и догорчињата ги гаснел од телото на своето дете, чиј плач бил премногу силен. Во еден момент на тотална беспомошност и болка, момчето заспало во сон засекогаш, наведуваат медиумите.

Три часа подоцна Хрустиќ го повикал бројот 112 и извикал: „Помогнете, мојот син не дише“. Но, пред да пристигне брзата помош, тој побегнал со своите ќерки. Тој се скрил во куќата на свој познајник, но неколку часа подоцна бил пронајден и уапсен. Во меѓувреме неговата бремена сопруга неутешно го држела и го гушкала безживотното тело на својот син пред болничарите.

За време на судската постапка, Хрустиќ се обидел да ја префрли вината на сопругата.

„Јас навистина го удрив, но не тешко. Всушност, го гризнав, но не тешко. И го удрив во окото и му изгаснав цигари од телото“, се бранел обвинетиот во судницата.

Тој исто така изјавил дека „кога пуше хашиш, има лоши напади“.

Можеби ќе ве интересира

Првиот случај на воени злосторства пред суд: Руски војник се соочува со доживотна казна затвор

M T

Активистот за човекови права Осман Кавала осуден на доживотен затвор

M T

Доживотен затвор за Германката која минатата година уби пет свои деца

M T

Американски дипломат 14 години дрогирал и силувал жени, му се заканува доживотен затвор

M T