Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведена Германка на аеродромот во Скопје

Полицијата привела 37-годишна жена од Германија откако по пасошка контрола било констатирано дека истата го има пречекорено дозволениот престој.

Според информации од МВР вчера во 11.00 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека Р.Ш.(37) од Германија го пречекорила дозволениот туристички престој на странец во државата од 90 дена во период од 180 дена.

Таа била приведена во полициска станица за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Христијан или малиот Вучиќ од Македонија – кривични пријави за опозицијата, заштита за Алта банка

ДЕСК

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

ДЕСК

Делегација на Врховниот уставен суд на Египет во билатерална посета на Уставниот суд

ДЕСК