17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Анализа: Новите луѓе на Мицкоски се истите со кои режимски владееше Груевски

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно го потценува народот ветувајќи нов тим и реорганизирана партија, но сепак во текот на кампањата за локалните избори се опкружи со лица кои му беа верни на Никола Груевски.

Тој како нов тим ги претставува веќе познатите за јавноста функционери на партијата, како Влатко Ѓорчев, Владо Мисајловски, Александар Николовски и Трајко Славевски.

Овие кадри се дел од тимот со кој Никола Груевски единаесет години работеше на угнетување на земјата. Токму со овие кадри, Груевски го воспостави, го развиваше и го одржуваше режимот до 2016 година.

Какви нови визии, нови идеи и нова иднина можат да донесат и покажат кадрите кои му служеа на Груевски. Со изборот на овие луѓе за свои најблиски соработници Мицкоски уште еднаш потврди дека е марионета на Груевски кој само ги извршува неговите наредби.