15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Руски политичар досега примил шест дози на вакцини против Ковид-19

Лидерот на Либерално-демократската партија на Русија, Владимир Жириновски, објави дека досега примил шест дози вакцини против коронавирусот.

„ Бев еден од првите во Русија што се вакцинираа против коронавирусот. Првата доза на ‘спутник В’ ја примив на почетокот на септември 2020 година“, изјави Жириновски за „Спутник“, нагласувајќи дека досега примил шест дози против Ковид-19.

„По неколку месеци, нивото на антитела се намали и лекарите ми препорачаа да примам бустер доза. Примив ‘спутник лајт’“ изјави политичарот.

Потоа, на крајот на летото 2021 година, примил уште две дози од вакцината „ковивак“ од Центарот „Чумакова“.

Спонзорирано: