8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН.

Концентрацијата на јаглероден диоксид (CO2) во 2020 година била 149 % повисока од прединдустриското ниво, се наведува во годишниот билтен за стакленички гасови на Светската метеоролошка организација (WMO).

Иако пандемијата на Ковид-19 предизвика привремен пад на нови емисии, таа нема забележително влијание врз стакленичките гасови што веќе се во атмосферата. Наместо тоа, продолжил постепениот тренд на зголемување на стакленичките гасови, што беше забележан во изминатата деценија, пишува Си-ен-ен.

„Со сегашната стапка на зголемување на концентрацијата на стакленички гасови, до крајот на овој век ќе имаме пораст на температурата, што е далеку над целите на Договорот од Париз од 1,5 до 2 Целзиусови степена над прединдустриските нивоа“, рече генералниот секретар на WMO, Петери Талас.

„Јаглеродниот диоксид останува во атмосферата со векови, а во океанот уште подолго. Последен пат ваква концентрација на СО2 на Земјата имало пред 3 до 5 милиони години кога температурата била повисока за 2 до 3 Цилзиусови степени, а нивото на морето за 10 до 20 метри повисоко од сега. Но, тогаш немало 7,8 милијарди луѓе“, додаде Талас.

Нивото на метан и на азотенен оксид исто така е на рекордно ниво, oдносно на 262 % и 123 % соодветно во однос на нивото од 1750 година.

„Мерењата на стакленички гасови се како почеток на сообраќајна несреќа. Катастрофата е сè поблиску и поблиску, но не можете да ја спречите“, вели Еуан Нисбет од Универзитетот „Ројал Холовеј“ во Лондон.

Спонзорирано: