13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите што се вакцинирани ќе добијат по два слободни дена

Рускиот претседател Владимир Путин нареди Русите што се вакцинирани против Ковид-19 да добијат дополнителни два дена одмор, е објавено на веб-страницата на Кремљ.

За тие слободни денови нема да им се намалува платата, пренесува „РИА новости“.

На вработените постари од 60 години и на оние со хронични заболувања им се препорачува да работат онлајн берем еден месец со цел да се вакцинираат и да стекнат имунитет.

Покрај тоа, Путин нареди владата да го зголеми опсегот на тестирање на коронавирус за граѓаните, како и стапката на вакцинација.

Владата исто така има задача да купи и да доставува до регионите лекови потребни за третман на ковид-пациентите.

Спонзорирано: