Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вархеи повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, очекува зелено светло за преговорите со Северна Македонија и Албанија и повика на итно решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината.

Вархељи пред новинарите изјави дека се сретнал со лидерите на Бугарија и Северна Македонија. Еврокомесарот нагласи дека е свесен за изборите во двете земји, но испорачувањето датум е многу поважно од прашањето за изборите.

„Одложувањето датум за преговори за Скопје и Тирана има негативно влијание врз кредибилноста на Унијата. Двете земји го испорачаа она што се бараше од нив“, рече тој.

Повтори дека Албанија и Северна Македонија не треба да се двојат откога бугарскиот европратеник Андреј Ковачев предложи почеток на преговорите со Албанија место да ја чекаат Северна Македонија да го реши спорот.

„Големо мнозинство земји членки не сакаат одвојување, така што сакаме да најдеме решение“, изјави Вархеи.

Вархељи ги повика европарламентарците да влијаат на своите земји да овозможат напредок за ова прашање со цел и самата ЕУ да оди напред.