16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови 12 починати, од кои најмладиот имаше 55 години – регистрирани нови 406 случаи на ковид

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.149 тестирања, а регистрирани се 406 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 184, Куманово – 31, Штип – 23, Велес – 19, Битола – 17, Кавадарци – 13, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Прилеп и Гевгелија – по 11, Кочани – 10, Струмица – 9, Кратово – 7, Тетово, Охрид и Струга – по 6, Виница – 5, Демир Хисар – 4, Гостивар, Неготино, Радовиш и Македонска Каменица – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Кичево, Ресен, Дебар и Валандово – по 1.

Регистрирани сe 387 оздравени пациенти од: Скопје – 223, Охрид – 48, Куманово – 23, Струга – 13, Кавадарци и Струмица – по 11, Битола – 10, Радовиш – 6, Крива Паланка и Тетово – по 5, Велес, Гевгелија и Кичево – по 4, Штип и Гостивар – по 3, Прилеп, Кочани, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, Делчево, Пробиштип, Ресен и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица: 6 починати лица од Скопје (63г, 71г, 72г, 75г, 81г и 85г), 2 починати лица од Битола (63г и 80г) и по едно починато лице од Штип (69г), Кратово (71г), Струмица (57г) и Охрид (55г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 6 починати лица, со датум на смрт од 08.09.2021 до 03.10.2021 година. Починатите лица се 4 лица од Скопје и по едно лице од Тетово и Струмица, на возраст од 59 до 89 години. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а две лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.149 тестови преку: ИЈЗ-299, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-61, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–59, ЦЈЗ Куманово-48, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–174, Жан Митрев (Филип Втори)-76, Авицена-141, Биотек-230, Систина-51, лабораторија Лаор-133, Синлаб-18, Ремедика-19, Плодност–29, Генеа-4, Никоб лаб-355, ВФВ Медикал-61, Ели Медика-36, Ројал Медика –12, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.234

Досега во земјата се направени вкупно 1.308.188 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 193.458 бројката на оздравени пациенти е 175.881, на починати е 6.758, а бројот на активни случаи изнесува 10.819

Спонзорирано: