16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

„Фајзер“ ќе го вакцинира населението на цел град за да го проучува однесувањето на Ковид-19 во реалниот живот

Компанијата „Фајзер“ ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19 врз основа на вакцинација на сите жители на бразилскиот град Толедо на возраст над 12 години, објави денеска компанијата.

Студијата ќе опфати град со 143.000 жители во западната држава Парана, а акцијата се спроведува во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, локалните здравствени власти, една болница и федерален универзитет.

„Фајзер“ објави дека целта на студијата е да се проучи однесувањето на Ковид-19 во реални животни услови откако населението е вакцинирано.

Спонзорирано: