8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Берош: Не тераме никој со сила да се вакцинира, ама не разбирам зошто некој не сака да се тестира

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош, кој утрово беше пречекан со свирежи и извици за „предавство“ од страна на здравствените работници, кои протестираат против воведувањето задолжителни потврди за ковид, рече дека асимптоматските пациенти се опасност за здравствениот систем и дека се преземени мерки за да се спречи вирусот во здравствениот систем.

Тој праша кој е против безбедноста на здравствениот систем, нагласувајќи дека тоа е императив на државата.

„Не разбирам зошто некој не сака да се тестира. Зошто некој не би сакал да даде придонес во безбеднста на здравствениот систем.Кои им се мотивите. Како министер за здравство, моја задача е да ја осигурам безбедноста на сите корисници на услугите, но и на вработените. Секој има исти услови, без дискриминација. Ние не присилуваме никого да се вакцинира, но тестирањето е она што професијата го смета во овој момент основен услов за безбедно извршување на активностите. Моја задача е да го направам тоа заради хрватските граѓани и нашите пациенти “, рече тој.

Тој додаде дека лично се борел тестирањето на вработените во болниците и социјалната заштита да бидат бесплатни и дека така ќе биде до крајот на годината.

Десетици здравствени работници утрово се собраа пред Клиничкиот болнички центар во Загреб, протестирајќи против задолжителните потврди за ковид, кои од денеска им се потребни за да влезат на работа. Тие одбиваат и да се тестираат за ковид.

Спонзорирано: