6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Северна Македонија повторно на врвот по транспарентнсот и отвореност, Владата претставена како светол пример во регионот

Владата на Северна Македонија е истакната како најотворена во регионот, која исполнува преку 83 отсто од поставените критериуми за отвореност, се потенцира во истражувањето за „Отвореноста на извршната власт“, објави „Слободен печат“.

Позади Владата на Северна Македонија со рекордна исполнетост на 83,43 отсто од поставените критериуми во доменот на транспрентноста, следуваат Србија со 74,9 отсто, Црна Гора со 59,5 отсто и на крајот е Босна и Херцеговина со 47,7 отсто исполнетост.

Освен Влада, најдобро се оценети и министерствата во земјава пред тие од регионот. Минситерствата во Северна Македонија исполнуваат 62 отсто од поставените критериуми во просек, а најтранспарентно е Министерството за информатичко општество и администрација со 82,24 отсто. Потоа следуваат и Министерството за одбрана со 79,49 отсто и Министерството за финансии со 77,65 отсто. Помеѓу подобро рангираните министерства се и Министерството за внатрешни работи со 70,39 отсто и Министерството за правда со 68,46 отсто, додека најслабо е рангирано Министерството за политички систем и односи меѓу заедници со 23,55 отсто исполнетост на поставените критериуми.

„Како прва земја во регионот што создаде ваква политика (Стратегија за транспарентност), Северна Македонија даде пример како институцијата треба систематски да пристапува и да ги насочува своите напори кон проактивна транспарентност и отвореност кон своите граѓани. Во ноември 2019 година, Владата ја усвои Стратегијата за транспарентност (2019-2021) која се стреми да го подобри пристапот до информации, да биде проактивен, исто така, се обидува да ги надгради претходно дефинираните политики, како политиката за 21 документ која ги обврзува сите министерства да објавуваат сет документи на нивните веб-страници како средство за отчетност и транспарентност пред јавноста“ се наведува во истражувањето „Отвореноста на извршната власт“.

Методологијата е развиена со консултации на голем број кредибилни извори од меѓународната пракса и од стандардите на управување.

Спонзорирано: