8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМА

Пронајдени се лилјаци кои носат мутација на коронавирус

Тим научници од Лаос проучувале лилјаци од четири различни пештери на ова место, кои содржат соеви на коронавирус слични на САРС-КОВ-2.

Новите научни сознанија се само еден чекор во докажувањето дека новиот вид потекнува од природата, а не од лаборатории.

Тимот научници не го пронајде самиот вирус САРС-КоВ-2 во лилјаци, но тие открија делови од коронавирусот на кои им се потребни само мали мутации за да станат нов вид.

Секвенци многу блиски до оние од раните видови на пандемиски вирус САРС-КоВ-2 постојат во природата и се пронајдени во неколку видови лилјаци од семејството Ринолофус, пишуваат авторите на студијата која е во процес на научен преглед и објавено во форма пред објавување во „Nature Portfolio Journal“.

Меѓутоа, додека студијата целосно не ја елиминира теоријата дека вирусот може да е вештачки направен во лаборатории, процесот на истражување продолжува со цел да се добијат поцелосни одговори.

„Не сум сигурен дека некогаш ќе најдеме идентична работа, но она што ќе го најдеме се вируси кај лилјаците кои се слични на коронавирусот“, рече професорот Стјуарт Нил, раководител на одделот за инфективни болести на лондонскиот Кралски колеџ, кој не учествуваат во студијата, изјавија за медиумите.

„Тоа е сложен екосистем и дали ќе имаме среќа да го најдеме вистинскиот или само да ги откриеме парчињата, останува отворено прашање“, додава Нил.

Откритието на научниците во Лаос, исто така, нагласува дека повеќе пандемии, како што е коронавирусот, се во состојба на мирување.

Соодветно на тоа, тие посочуваат дека понатамошното проучување на вирусот SARS-CoV-2 во голема мера ќе помогне во борбата против потенцијалната нова пандемија.

фото Pixabay

Спонзорирано: