8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Од ноември можен влез во САД за странци што се вакцинирани

САД повторно во ноември ќе дозволат влез на патници од Кина, Индија, Велика Британија и од многу европски земји, кои примиле втора доза вакцина против Ковид-19, објави денеска Белата куќа.

Одлуката, објавена од координаторот на Белата куќа за борба против коронавирусот, Џеф Зајентс, претставува ненадеен пресврт во политиката на администрацијата на Бајден, која минатата недела соопшти дека сѐ уште не е време за укинување на кои било мерки, објави „Ројтерс“.

Мерките спречија десетици илјади странци да дојдат во САД за да ги видат членовите на семејството, а деловните патувања исто така беа драстично намалени.

Забраните за влез за неамерикански државјани првпат беа воведени за патници од Кина во јануари 2020 година под мандат на Доналд Трамп, а потоа забраните беа проширени и во други земји во наредните месеци.

САД ќе прифатат целосно вакцинирани патници од шенген-зоната, како и од Велика Британија, Ирска, Кина, Индија, Јужна Африка, Иран и од Бразил.

Американските центри за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ) ќе одлучат кои вакцини ќе бидат прифатени за влез во земјата. Странците ќе мора да достават доказ за вакцинација пред патувањето и нема да мора да одат во карантин по пристигнувањето.

Спонзорирано: