17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ за ситуацијата на Косово: Се надевам дека нема да треба да прeземеме контрамерки

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва ѝ се обрати на јавноста и нагласи дека ова е еден од најтешките денови за Србија кога станува збор за Косово и Метохија и дека не станува збор за каква било драматизација, туку ситуацијата е тешка и сериозна.

Причината за неговото обраќање се денешните случувања на граничниот премин Јариње, каде што во неделата беа поставени контејнери, а од утрово беа распоредени единици на РОСУ, кои почнаа со одземање регистарски таблички од северот на Косово. Возилата со ознаки од централна Србија мора да земат ознаки за тестирање и да платат осигурување во износ од пет евра.

„Синоќа знаевме што планира Приштина. Денес, по шест часот, тие сили се преселија на северот на Косово и Метохија. Ова е шести упад, но најбрутален досега“, рече Вучиќ и потсети дека Приштина не ги исполнува своите обврски од договорот со Белград.