11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Иран нема да дозволи џихадисти од Исламска држава да се населат на границата, порачаа властите

Иран нема да дозволи џихадистите од Исламска држава да се населат на границата со Авганистан, предупреди денеска иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

„Нема да дозволиме терористички организации и Исламска држава да се населат во близина на нашата граница“, рече Раиси во говорот што го пренесе официјалната иранска телевизија.

Иранскиот претседател рече дека присуството на џихадисти во Авганистан е опасно не само за Авганистан, туку и за целиот регион.

Иран има граница со Авганистан долга повеќе од 900 километри и имаше затегнати односи со Талибанците додека тие владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година. Техеран тогаш не ги призна талибанските власти.

Изгледа дека Иран сега зазеде поинаков став кон Талибанците, наведувајќи дека групата треба да биде дел од иднината на Авганистан, но дека талибанската влада треба да биде инклузивна со учество на сите претставници во таа земја, пишуваат медиумите во светот.

Спонзорирано: