20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Курц: Пандемијата заврши, освен за невакцинираните

Пандемијата за вакцинирани лица помина, но сега имаме пандемија на невакцинирани луѓе, истакна австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Вакцинираните се безбедни и можат да живеат нормален живот, но невакцинираните се небезбедни и мора да имаат негативни тестови и маски со FFP2 за ресторани, трговија, јавен превоз, истакна Курц за дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Тој посочи дека многумина се вакцинирани и не треба да се справуваат со мерките, но сепак има 30% од граѓаните кои не се вакцинирани и не се заштитени, затоа мора да знаат дека некогаш ќе бидат заразени со корона.

“Токму поради невакцинираните, се уште се потребни минимум мерки. Претпочитам се’ да е отворено за 70% од населението, отколку да затвориме се'”, објасни Курц.

Тој, исто така, ја критикуваше Партијата на слободата на Австрија (ФПО) за ширење страв и водење кампања против вакцинација.

“Не сум среќен поради тоа, бидејќи во најлош случај, се работи за живот и смрт. Затоа би сакал посериозен пристап од таа партија”, нагласи тој.