7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАНАУКА

Ни се заканува „интернет апокалипса“ поради сончеви бури

Според една нова студија, соларната бура, која се случува еднаш во еден век, може да предизвика „интернет апокалипса“. Оптичките линии на долги релации и подводните кабли, како дел од глобалната Интернет инфраструктура, се особено ранливи.

Силна сончева бура, која се јавува еднаш во приближно 100 години, може катастрофално да влијае на технологијата на Земјата и да го поттикне светот во „интернет апокалипса“, се вели во новата студија.

Магнетното поле на Земјата ја штити од сончевиот ветер, кој се состои од наелектризирани честички што течат од Сонцето.

Меѓутоа, еднаш во 80 до 100 години, поради природниот животен циклус на Сонцето, овие ветрови стануваат соларни бури кои можат да предизвикаат катастрофални прекини на Интернет низ Земјата и да траат неколку месеци, се вели во студијата презентирана на SIGCOMM 2021 – конференција на групацијата ACM.

Сонцето ротира како огромен огномет, додека емитува ерупции во вселената во сите правци. Ако еден од нив се упати кон Земјата, и има магнетно поле спротивно на магнетното поле на Земјата – полињата се мешаат. Кога ќе помине соларната бура, дел од магнетното поле на Земјата останува искривено и изгледа како долга опашка.

Ова искривено магнетно поле повлекува брзо наелектризирани честички кон Земјата, кои удираат во повисоките слоеви на атмосферата, се загреваат и произведуваат светлосен феномен – северна и јужна поларна светлина.

Сепак, искривеното магнетно поле на Земјата има други значајни последици.

Новото истражување го претстави Санџита Абду Џоти од Универзитетот во Калифорнија, врз основа на што беше проценета моменталната интернет инфраструктура во однос на екстремните временски настани во вселената.

Утврдено е дека оптичките влакна на долги растојанија и подводни кабли, кои се витален дел од глобалната интернет-инфраструктура, се чувствителни на струи што произведуваат сончеви бури во Земјината кора, исто така познати како исфрлање на коронарна маса (КМЕ).

“Исфрлање на короналната маса вклучува емисија на електрично наелектризирана материја и придружното магнетно поле во вселената. Кога ќе ја погоди Земјата, таа комуницира со магнетното поле на Земјата и произведува геомагнетски индуцирани струи (ГИК) на кората”, објаснува д -р Џоти. Електричната енергија од овие сончеви бури, исто така, може да ги оштети далноводите, се истакнува во студијата.

“Во интернет каблите, кои денес се користат за долги растојанија, оптичкото влакно е имуно на геомагнетски индуцирани струи. Но, овие кабли имаат и повторувачи со напојување во интервали од приближно 100 километри, кои се предмет на оштетување”, додаде таа.

Иако веројатноста дека навистина ќе се случат вакви настани варира од 1,6 до 12 проценти од можностите за една деценија, Џоти вели дека шансите се зголемуваат за време на периодот на максимална активност на Сонцето во циклусот на раст и опаѓање. За среќа, вели д -р Џоти, модерните технолошки достигнувања се совпаднаа со период на слаба сончева активност.

Меѓутоа, бидејќи се очекува Сонцето да стане поактивно во блиска иднина, таа вели дека сегашната интернет -инфраструктура не е тестирана за стрес поради силните сончеви настани.

„Накратко, немаме идеја колку е еластична сегашната интернет -инфраструктура на заканата од масовно исфрлање на корона“, напиша таа на Твитер.

Таа додаде дека последните големи сончеви бури се случиле во 1859 и 1921 година. Студиите ја документираа значителната штета што овие сончеви бури ја предизвикаа на тогашната комуникациска мрежа – телеграфот.

Тековниот сончев циклус, се вели во студијата, има потенцијал да биде еден од најсилните досега.

Исто така, истражувањата покажуваат дека влијанието на соларните бури нема да биде еднообразно низ целиот свет.

Се наведува дека интернет -инфраструктурата на повисоки географски широчини, над Екваторот, се соочува со поголем ризик, додека САД имаат висок ризик да бидат „комуникативно прекинати“ од Европа, додека Азија е поверојатно да остане поврзана.

Студијата ја нагласува потребата да се земе предвид ризикот од сончеви бури при дизајнирање и имплементација на Интернет инфраструктура и апликации и повикува на подобра анализа на отпорноста на глобалната мрежа.