17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Бразилците сакаат да се вакцинираат со „Фајзер“ – ги нарекуваат вакцинални гурмани

Во Бразил не се дискутира за ништо друго освен за вакцината против ковид на „Фајзер“. За сите оние кои се во потрага по оваа вакцина, која очигледно се смета за најдобра во Бразил, веќе ги нарекуваат – вакцинални гурмани.

Многу Бразилци не жалат за напорот да ја добијат вакцината на „Фајзер“, и има многу групи на социјалните медиуми каде илјадници споделуваат информации за тоа која вакцина се нуди тој ден во центарот за вакцинација и колку редици има.

Информациите се ажурираат цел ден во реално време. И кога ќе излезе вест дека некаде пристигнала нова пратка на „Фајзер“, членовите се чини дека полудуваат.

Вакциналните гурмани се обидуваат да ги избегнат вакцините на „АстраЗенека“ и кинескиот „Синовак“, иако тие се оние што најмногу се нудат во бразилската програма за вакцинација. Имено, овие две компании имаат свои погони за производство на вакцини во Бразил.

„Зошто би земал КоронаВак ако можам да добијам „Фајзер“, вели една од ловците, Марија да Силва.

Социјалната група во која таа е членка тврди дека секој треба да има право да одлучи која вакцина ја сака.

Во исто време, бразилските здравствени власти ја повикуваат јавноста да се вакцинира со достапните вакцини, бидејќи тоа ќе го забрза намалувањето на бројот на заразени во земјата.