26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Организирале матурска прослава во ресторан со жива музика во време на забрана

Против угостителски објект од Делчево и 30-годишник од Делчево полицијата поднесе кривична пријави поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Како што информираат од МВР, на 20 мај годинава пријавените овозможиле организирање на матурска забава на матуранти од средно училиште од Делчево со присуство на жива музика, што било спротивно на одлуката на Владата со која сите угостителски објекти од 28 април до 15 мај беа затворени за посетители после 20.30 часот и не беше дозволено организирање на прослави.