6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Горан Герасимовски најавува победа во првиот круг во Општина Центар

Фејсбук статус на Горан Герасимовски:

Почитувани граѓани, драги пријатели

Сакам да изразам огромна благодарност за поддршката и довербата која ја добив од СДСМ и раководството на партијата да бидам кандидат за градоначалник на Општина Центар. Центар е местото каде што сум роден, пораснав и каде денеска живеам со семејството. Моја обврска како граѓанин, но пред се како иден градоначалник е да го nаправам Центар подобро место за живеење за сите сегашни и идни генерации.

Одговорноста е многу голема за што сум целосно подготвен и ветувам максимална посветеност во работењето. Одлично ги познавам потребите на граѓаните во секоја населба и во секое маало. Во изминатите четири години како претседателе на ОО СДСМ Центар се запознав со илјадници луѓе и слушнав исто толку животни приказни. На стотици средби со граѓаните добив низа конструктивни предлози, мислења и идеи за тоа што треба да направиме за поквалитетен живот. Центарци секогаш точно знаеле што сакаат и што е најдобро за општината. Тие исто така знаат да го вреднуваат сработеното, а јас се обврзувам секој денар од буџетот да го насочиме кон унапредување на состојбите. Сите овие нивни идеи, барања и потреби ќе бидат дел до мојата програма која ветувам дека целосно ќе ја реализирам.

За крај, мојата кандидатура немаше да биде реалност без силната поддршка од семејството и моите пријатели. Тие се столбот на мојата кариера и ќе останат мојата главна мотивација во работењето.

Сакам да изразам исто така благодарност на сегашното раководство на општината и градоначалник Саша Богдановиќ кои реализираа низа успешни проекти за граѓаните.

На 17 октомври во Центар ќе оствариме уште една голема победа во првиот круг. Но победата е само првиот чекор од патот кон целта. Потоа, не очекуваат четири години во кои ќе треба да ја оправдаме довербата и ова ќе биде главниот предизвик. Барам поддршка од сите вас за да докажеме дека можеме и умееме многу подобро!

Спонзорирано: