24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Речиси во цел Париз од денеска не смее да се вози побрзо од 30 километри на час

Покрај Ајфеловата кула или низ Латинскиот кварт во Париз, од денес нема повеќе брзо возење, бидејќи ограничувањето на брзината од 30 километри на час стапи на сила на речиси сите улици во „градот на светлината“.

Најновата иницијатива е дел од напорите на француската престолнина за борба против климатските промени и промена на односот на граѓаните кон нивните возила.

Градските власти велат дека целта е исто така да се намали бројот на сообраќајни несреќи и да се направи Париз попријатен за пешаците.

Сепак, новата одлука налути дел од возачите, а добавувачите велат дека ќе го продолжат времето на чекање за клиентите.

Анкетите покажуваат дека повеќето парижани ја поддржуваат оваа идеја, особено со надеж дека ќе ги направи улиците побезбедни и потивки.

Сепак, постојат исклучоци од новото правило што важат за неколку широки авении, вклучувајќи ги познатите Елисејски полиња и обиколницата околу главниот град на Франција.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Паника во Париз – Запленетите документи од куќата на Трамп би можеле да кријат валкани тајни од креветот на Макрон

M T

Берлин и Париз се против забраната за руски туристи

M T

Нови тензии меѓу Париз и Москва

M T

Поради штрајк откажани десет проценти од летовите во Париз

M T

Драма во Париз: Полицијата пукаше врз автомобил при што уби две лица

M T

ВОЗЕЊЕ И АЛКОХОЛ – Познато е колку време треба да чекате по консумирањето за да не се загрозите себе си и другите

M T