10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Американската војска и ЦИА тајно ги извлекуваат граѓаните од Кабул

Американските вооружени сили и ЦИА спроведуваат тајни операции со цел евакуација на своите граѓани надвор од аеродромoот во Кабул.

Според американскиот весник, ЦИА започнала неколку тајни операции со цел евакуација на Американците од Кабул, но и од други локации, користејќи воени хеликоптери.

Покрај тоа, американските војници, заедно со нивните соработници, особено Британците и Французите, спроведуваат операции на терен во кои ги извлекуваат своите сонародници, како и Авганистанци со зелена карта и специјални визи, но приоритет им се дава на американските граѓани, објавија агенциите.

Откако администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден објави крај на военото присуство во Авганистан и започна евакуација, Талибанците започнаа офанзива против авганистанската влада и ја презедоа контролата врз поголемиот дел од земјата на 15 август, кога без борба го зазедоа главниот град Кабул.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Поранешен функционер на ЦИА: Во Кремљ се подготвува заговор против Путин, би можел да заврши како Троцки

M T

Директорот на ЦИА: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје

M T

Директорот на ЦИА: Путин е лут, не го зеде Киев за два дена како што беше планирано

M T

Директорот на ЦИА го предупреди Израел да не прифаќа инвестиции од Кина

M T