Комисијата за заразни болести реализираше средба со претставниците на угостителските објекти, но сепак ништо не е сменето, актуелните мерки остануваат на сила, објави ТВ21.
Освен угостителите, со актуелните мерки не се согласува ниту доктор Никола Пановски.
Според него апсурдно е барањето за вакцинација од граѓаните кои прележале ковид последните 45 дена. Додава дека е штетно за здравјето на пациентите кои прележале ковид-19 да се вакцинираат првите 6 месеци.
Вакцинацијата на лица кои прележале Ковид-19 е залудна и само се трошат вакцини, на место да се вакцинираат лицата кои не биле заразени и кои имаат потреба, изјави Пановски, пренесе ТВ21.