Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Исправка – Не починала 19 годишна девојка, направена е ненамерна грешка

ОБНОВЕНО ВО 18ч. И 46 минути
Не е точна информацијата дека починала деветнаесетгодишна девојка од Ковид-19 која денеска цел ден се провлекува низ медиумите.

Координаторот на ковид-центарот во Тетово, д-р Гзим Нуредини за Фокус објаснува дека направил ненамерна грешка со матичниот број на пациентката и во изјава за медиум кажал дека е родена 2002 година, а пациентката всушност имала 59 или 60 години.

Веста дека починало деветнаесетгодишно девојче од Ковид ја пренесе и државната агенција МИА, а после тоа на оваа вест се повикаа и други медиуми.

Што беше претходно објавено во 13 часот и 23 минути?

Инаку во последните 24 часа во тетовската болница починале седум пациенти од Ковид – 19 на возраст од 45 до 73 години и според Нуредини сите имале хронични болести.

Седум починати во изминатите 24 часа од 7 часот вчера до утринава во 7 часот бележи ковид центарот во Клиничката болница во Тетово, а меѓу нив најмлада е 19-годишна девојка.

Меѓу починатите покрај 19-годишната девојка има луѓе на возраст од 43, 57, 51, 67, 73 и 76 години.

Според информациите починатите се со хронични болести, како и најмладата пациентка која се соочувала со дијабетес и прекумерна телесна тежина. За тие 24 часа бележиме 15 нови примени на болничко лекување, како и 192 амбулантски прегледи. Вкупно сега има 111 на болничко лекување, меѓу кои шест пациенти со една доза и само еден со две дози примена вакцина.

Спонзорирано: