10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ШВЕПС ПИЕВ, ПИШИ ИНЈЕКЦИЈА, УТРЕ СУМ НА СВАДБА: Од дневникот на Брзата помош во Гостивар

Д-р Марија Спасовска сведочи со какви ситуации се соочува на дежурствата откако короната зеде замав и во овој град, а не се сомнева дека и во другите градови е поинаку.

„Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам: ‘Ве молам ставете маска’. Температура 37.5°C. Добивам: ‘Ај докторке немој со тие глупости, швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инјекција да се опраам, утре сум на свадба”.

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100. пат вечерта со колегите го повторуваме истото ‘Ве молам тестирајте се што поскоро и никаде без маска’.

– Аха, важи, пишува таа на Фејсбук.

Таа раскажува дека од гласната музика во близина на градската болница не може да се слушне ни апаратот за притисок.

Докторката сведочи и за посета на болен по итен повик, како и дека возилото на Брзата помош едвај може да се протне во сообраќајот.

„Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. ‘Нема корона докторке, од климата му е“.

Го подготвувате за транспорт, и се молиш дека до инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи. Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска. Пак процесираш информации. Во амбуланта на Брза помош во 2 наутро се доаѓа за болка во грло. ‘Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден гарамицин и пола дијазепам да спијам раат вечерва’.

Како супермаркет, само со бонус ‘не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа’. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна“, пишува докторката.