20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Истражување во САД: Вакцината на „Модерна“ поефикасна против делта-сојот од онаа на „Фајзер“

Ризикот од заразување со коронавирус е поголем кај оние што примиле вакцина на „Фајзер“ отколку на „Модерна“, објави непрофитниот медицински центар „Мејо клиник“ по обемно истражување спроведено во САД.

Студијата покажала дека во јули на Флорида, каде што случаите на Ковид-19 достигнаа историски максимум, а преовладува делта-варијантата, ризикот од инфекција бил 60 % помал за оние што примиле вакцина на „Модерна“ отколку кај оние вакцинирани со онаа на „Фајзер“.

Слично на тоа, во Минесота минатиот месец авторите откриле дека вкцината на „Модерна“ (позната и како mRNA-1273) е 76 % ефикасна во спречувањето на инфекцијата, а на „Фајзер“ (позната како BNT162b2) е 42 % ефикасна.

ЦДЦ известува дека ризикот од инфекција е 8 пати поголем кај невакцинираните отколку кај вакцинираните, а ризикот од хоспитализација или смрт е 25 пати поголем.

Студијата понатаму наведува дека е можно резултатите од ефикасноста да се такви делумно и затоа што вакцините биле дадени пред неколку месеци, што може да влијае на бројот на антитела, а можно е и дека делта-сојот е донекаде отпорен на вакцина.