23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Канбера воведе карантин, откриен еден случај на коронавирус по една година

Австралиската престолнина Канбера воведува еднонеделен карантин откако е откриен еден случај на коронавирус, првпат во една година.

Карантинот стапува на сила денеска во 17 часот по локално време, пренесува Би-би-си.

Карантинот е за целата територија на австралиската престолнина, каде што живеат околу 400.000 луѓе, бидејќи властите не знаат како лицето се заразило.

Жителите ќе можат да ги напуштат своите домови само од суштински причини, така што веќе има метеж во продавниците пред мерката да стапи на сила.

Австралија се обидува да го спречи ширењето на делта-сојот, па затоа веќе се воведени карантини во двата најголеми града, Мелбурн и Сиднеј.