19.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонија ја зафаќа пеколен бран- Температури над 40 степени, а од понеделник промена

Ќе продолжи периодот на многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината и ќе биде активно портокаловото ниво на опасност од високи температури. Вдолж Повардарието наместа температурата ќе го надминува 40-тиот степен.

Во понеделник ќе дува засилен претежно северен ветер кој ќе предизвика благо опаѓање на температурите повеќе во северните делови од земјата.

Прогноза за 30.07.2021
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 34°C до 42°C
Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Прогноза за 31.07.2021
Минимална температура: 15°C до 24°C
Максимална температура: 35°C до 42°C
Претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Прогноза за 01.08.2021
Минимална температура: 14°C до 24°C
Максимална температура: 35°C до 42°C
Сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ=9

Спонзорирано: