20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Човек цела недела се борел со гризли во оддалечен камп на Алјаска

Човек бил спасен на Алјаска откако, според неговите тврдења, речиси една недела одбивал напади на мечки во далечен рударски камп.

Службеници од американската крајбрежна стража најпрвин забележале СОС-сигнал на покривот од барака во кампот, а потоа забележале како маж им мавта во очаен повик за помош.

Човекот објаснил дека бил нападнат од мечка и дека не спиел со денови бидејќи гризлито постојано се враќало во неговиот камп.

Тој имал модринки на градите и повредена нога, која ја бандажирал со леплива лента.

Екипажот на хеликоптерот бил на пат да пренесе тим научници во истражувачка мисија поврзана со дивите животни кога поради временските услови застраниле од рутата и ја забележале пораката за помош.

Според „Њујорк тајмс“, човекот бил при крај со муниција за својот пиштол, а вратата од бараката каде што престојувал била разбиена.

„Во еден момент мечката го повлекла надолу кон реката. Тој објасни дека мечката се враќала секоја вечер поради што не спиел неколку дена“, изјави потполковникот Џаред Карбахал.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес со јачина од 8 степени по Рихтер ја погоди Алјаска, издадено предупредување за цунами

M T