16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во БиХ потврден делта-сојот, го донеле аџии

Делта-сојот на коронавирусот е потврден во Босна и Херцеговина, а станува збор за аџија од Меѓугорје, потврди за „Независне“, Лана Салихефендиќ, генетичарка од Генетскиот центар „Алеа“ во Сараево, каде што бил секвенциониран овој нов вид на вирусот.

Според неа, тестирани биле аџии што пристигнале во Меѓугорје, а од 100 примероци, пет биле позитивни на вирусот.

„Издвоивме уште неколку што беа сомнителни и откривме дека тоа не е британската линија, па пристапивме кон секвенционирање и утврдивме дека еден примерок е 100-процентно потврден на делта-сојот на коронавирусот. Другите сè уште не се потврдени, но веруваме дека има и повеќе“, изјави Салихефендиќ.

Спонзорирано: