11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Њујорчани можат да добијат до пет милиони долари на лотарија ако се вакцинираат

„ Мора да се вакцинирате за да освоите“, објави гувернерот на државата Њујорк, Ендру Куомо, најавувајќи лотарија од 5 милиони долари како поттик за њујоркчани да се вакцинираат следната недела против коронавирус.

Програмата обезбедува бесплатна грепка за сите њујорчани постари од 18 години кои примиле вакцини на „Модерна“, „Фајзер/Бионтек“ или „Џонсон и Џонсон“ од 24-28 мај.

„ Со забавување на темпото на вакцинација во државата, треба да бидеме креативни за да вакцинираме повеќе луѓе“, рече Куомо во изјавата.

„Колку повеќе жители на Њујорк се вакцинираат, толку побрзо ќе се враќаме во нормала“, додаде тој.

Куомо вели дека 63 проценти од возрасните во Њујорк биле вакцинирани со единечна доза на вакцината, а 54 проценти биле целосно вакцинирани.

Лотарија што се користи како поттик за вакцинирање може да донесе добивки од 20 долари до 5 милиони долари.

Државата Охајо минатата недела објави дека ќе ја поттикне вакцинацијата со помош на лотарија, во која ќе доделува пет недели по ред добивки од 1 милион долари на оние кои се вакцинирале, а првиот добитник ќе биде објавен на 26 мај.

Спонзорирано: