11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нетанјаху најави уште поостра реакција во следните неколку дена

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека земјата ќе го засили својот одговор на ракетните напади во следните неколку дена.

Тој по состанокот со водачите на локалната заедница во Газа рече дека воените операции ќе продолжат во следните неколку дена, по што Израел ќе го засили својот одговор на каков било ракетен напад, пренесуваат израелските медиуми.

„Операцијата ќе трае уште неколку дена, а потоа ќе биде проследена со многу посилен одговор“ изјавил Нетанјаху.

Израелскиот премиер рече дека палестинскиот Хамас добил удари што не ги очекувал и дека Израел ја вратил екстремистичката организација назад „со години“.

Ова го изјавил Нетанјаху за време на посетата на воздухопловната база во близина на Бершева на југот на Израел, додека се слушале сирени за ракетна тревога, пренесоа израелските медиуми.

„Нашите непријатели уводоа која цена треба да ја платат за агресијата против нас“, рече израелскиот лидер.

Тој најави продолжување на операцијата сè дури е потребно за да се врати мирот за граѓаните на Израел.

„Не се сомневам дека ги вративме многу години наназад“, рече израелскиот премиер.

Нетанјаху ја посети воената база на југот на земјата на деветтиот ден од конфликтот меѓу израелската армија и палестинските екстремистички организации во Газа, во кој беа убиени 213 Палестинци и 12 лица во Израел.

Спонзорирано: