26.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 17 пациенти, се лекуваaт вкупно 203 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, велат од министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.

Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.

Од ресорното министерство напоменуваат дека бројот на приеми во изминативе денови се намалува а утрово до 8 часот имало 180 слободни места, се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, дополнуваат од здравство.

Според нив, сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.