33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов случај на птичји грип: пренесен од крава на човек, втор случај за два месеци во САД

Втор случај на птичји грип е откриен кај луѓето помалку од два месеци по првата инфекција, објави американската здравствена организација. Нов случај е откриен во државата Мичиген, но здравствените власти веруваат дека проценката на ризикот за населението во САД останува „ниска“.

Првиот случај беше објавен минатиот април во Тексас, на југот на Соединетите Американски Држави.

Птичјиот грип првпат бил откриен кај кравите и во нивното млеко на фармите во Тексас и Канзас. Тестовите открија дека непознат број крави биле позитивни на типот А Х5Н1, сојот одговорен за најголемата појава на оваа болест.

Двајцата пациенти, и во Мичиген и во Тексас, ги имале првите симптоми на грип во очите, пренесуваат американските портали.

Инфекцијата е откриена кај фармер „редовно изложен на добиток“, соопштија американските власти.

Фармерите прво забележале дека кравите се разболеле на почетокот на март со симптоми на летаргија и губење на апетит, а потоа почнале да даваат значително помалку млеко.

Потоа, млекото и назалните брисеви биле позитивни на вирусот.

„Никогаш досега не сме виделе вакво нешто. Беше како да настинаа“, изјави комесарот за земјоделство во Тексас, Сид Милер.

Инаку, ваквата ситуација се случи само една недела откако државата Минесота објави дека дошло до појава на птичји грип меѓу козите на фармата.

Иако се чини дека овој пат нема мутација, експертите велат дека колку подолго вирусот останува неоткриен кај цицачите, толку е поголема шансата тој да добие мутација што му овозможува полесно да ги инфицира луѓето./Извор:Makfax