Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

СДСМ на конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор

Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот и на Надзорниот одбор.

Потоа како што беше најавено од партијата, ќе следат состаноци на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство.

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе, а во новиот конгрес влегуваме со нови политики.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател на партијата вчера истакна дека не треба да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период и тоа, како што истакна, се однесува на сите функции.

Министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање за можноста да биде нов потпретседател на партијата, вчера истакна дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев не разговарале на таа тема.

„Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики како и досега“, рече Филипче.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ШЕФИЦА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЗА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ – Искра Хаџи Василева ја презема функцијата

ДЕСК

НОВА ПОЛИТИЧКА БУРА ЗА „АЛТА БАНКА“ – СДСМ тврди дека кривичните пријави се обид за заплашување

ДЕСК

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК