11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Влез во Хрватска без ПЦР-тест само за вакцинирани пред шест месеци

Денес, Хрватска ги продолжи постојните мерки до крајот на мај, а една мерка беше попуштена – од денес сите оние што се вакцинирани пред шест месеци и со двете дози (со исклучок на вакцините на „Астра зенека“ и „Џонсон и Џонсон“) може да влезат во Хрватска без ПЦР-тест и без карантин. Досега ова беше случај за луѓето што биле вакцинирани пред пет месеци.

Исто така, поради локалните избори в недела, на сите хрватски граѓани им е дозволено да влезат без ПЦР-тест и без карантин.

Во последните 24 часа евидентирани се 926 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 7.214.

Меѓу нив, 1.752 пациенти се во болница, од кои 207 се на апарати за дишење. Починале 41 лице.

До денес се тестирани вкупно 1.912.994 лица, од кои 6.587 во последните 24 часа.

Од 13 мај дадени се 1.268.281 доза вакцини. Досега 980.177 лица биле вакцинирани со најмалку една доза, од кои 288.104 ги примиле двете дози.

Спонзорирано: