18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

СЗО со порака до богатите земји: Наместо да ги вакцинирате децата, дајте ги вакцините на сиромашните

Светската здравствена организација денеска ги повика богатите земји да ги преиспитаат плановите за вакцинирање на деца против Ковид-19 и наместо тоа да донираат вакцини во ковакс механизмот за сиромашните земји.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус предупреди дека втората година од пандемијата ќе биде поубиствена од првата и дека особено Индија предизвикува голема загриженост.

„ Разбирам зошто некои земји сакаат да ги вакцинираат своите деца и адолесценти, но сега ги повикувам да размислат и наместо тоа да ги донираат вакцините на ковакс механизамот“, рече тој на виртуелниот состанок во Женева.