20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Глоби за деветмина гостиварци кои ги прекршиле мерките за изолација и полицискиот час

Гостиварското обвинителство поднесе предлози за парични казни против девет лица за кривично дело – непостапување според здравствените прописи.

Шестмина обвинети, од кои петмина од Форино и едно лице од Гостивар, не ги почитувале решенијата со кои здравствените власти им одредиле задолжителна изолација и лекување во домашни услови. Наспроти задолженијата наведени во решенијата, при извршената проверка тие не биле затекнати во нивните домови.

Останатите тројца обвинети, пак, не го почитувале полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот без да поседуваат соодветна дозвола.

За сите обвинети надлежните јавни обвинители му предложиле на Основниот суд во Гостивар да определи парични казни од по 100 дневни глоби.​