10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Бројот на приеми се намалува, во ковид-центрите има околу 1.000 празни болнички кревети

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 701 и има околу 1.000 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок во главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 412 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

Во болниците во Скопје тој број изнесува 289 пациенти, од кои 26 биле примени во последните 24 часа. Во изминатото деноноќие дома биле пуштени 63 оздравени пациенти.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 45 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 51 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 10 пациенти, во Велес се лекуваат 51 болен, а во Куманово 58 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 32, во ковид-центарот во Гостивар 14, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 41 пациент, во Кочани 14, во Кичево 8, Кавадарци 23, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението од ресорното министерство од каде додаваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Во Скопје, бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 400 слободни места.

Спонзорирано: