8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Бајден се приклучува на онлајн-состанокот на НАТО во Романија

Американскиот претседател Џо Бајден ќе се приклучи на денешната онлајн-средба на претседателите на источното крило на НАТО, а домаќин е главниот град на Романија, Букурешт.

Повеќето ја споделуваат загриженоста во врска со обидот на Русија да го поврати влијанието во регионот по тензиите што се појавија откако Русија го анектира Крим во 2014 година.

Романскиот претседател Клаус Јоханис, домаќинот на собирот, на „Твитер“ изјави дека е среќен што му е домаќин на Бајден и дека состанокот е подготовка за собирот на НАТО следниот месец (14 јуни во Брисел).

Групата „Букурешт 9“ се состои од Романија, Полска, Унгарија, Бугарија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија и Литванија.

Спонзорирано: