Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Претседателката на Грузија дочекана со највисоки државни и воени почести

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во претседателскиот кабинет, на церемонија со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, со што почна нејзината официјална посета на земјата.

Во рамките на посетата, покрај тет-а-тет средбата меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили, се одржува и пленарен состанок на официјалните делегации по што ќе следува потпишување спогодба меѓу Република Северна Македонија и Грузија за укинување на визите и меморандум за соработка во областа на културата.

Претседателот Пендаровски и претседателката Зурабишвили ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека во фокусот на разговорите се билатералните односи меѓу двете земји и начините за нивно унапредување, ЕУ и НАТО-интеграциите, регионалните прашања, како и пандемијата на Ковид-19.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАКА ОД ФИЛИПЧЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО СРБИЈА – „Нè чека борба, ни малку лесна“

ДЕСК

СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КМ/Ч, ПОТОА ПОВТОРНО ДОЖД – Детална прогноза за тоа какво време ја очекува Македонија во наредните денови

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОЧЕКУВА СЕВЕРЕН ВЕТЕР НАД 50 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС – Магла и повремен дожд во Македонија

ДЕСК